Вести Македонија

Петардите – сериозен проблем секоја Нова година

Пандемијата ги намали бројот на повредени од петарди и пиротехнички средства, поради ограничените празнични забави последните две години. Вака информираат од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. Тимови лекари од оваа колиника деновиве ги посетуваат средните училишта во земјава и со младите разговараат за трајните оштетувања што можат да настанат од користењето пиртехнички средства.

Струмичани пак, сметаат дека лесно може да се дојде до петарди и приотехнички средства. Во претпразничниот период звукот на пукањето на петардите е речиси секојдневние. Граѓаните велат дека треба надлежните да внимаваат и контролираат бидејќи ги користат и деца.

Од МБР информираат дека на подрачјето на државата досега се запленети 100.000 парчиња пиротехнички средства.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остануваме на ваша страна за реформи и европска иднина – Макрон со честитки до Силјановска за изборната победа

Дејан Дејан

Крвопролевањето продолжува, делегациите ги напуштија преговорите – Израел и Хамас без договор во Каиро

Дејан Дејан

И Германија размислува за запирање на испораките на оружје за Израел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе