Македонија Топ вести

Спасовски: Истрагата ќе покаже дали полицијата ги пречекорила своите овластувања во инцидентот во Битола

Истрагата ќе покаже дали полицијата ги пречекорила своите овластувања во инцидентот во Битола, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање – дали ја видел новата снимка од настанот, на која се гледа расправијата со полицијата пред да дојде до физичка пресметка.Тој информира дека постапката за случката со полицајците во Битола е во фаза на истрага и нагласи дека апсолутно не оправдува никакво насилство.

– Ниту она направено од страна од припадник на полицијата, не сакам да генерализирам со оценките во однос на целата полиција или сите припадници на МВР. Мора да се издвојат оние кои не ги почитуваат законските овластувања, ги пречекоруваат, мора да носат одговорност без разлика за кого станува збор, рече Спасовски.

На снимката, може да се види целиот настан снимен од друг агол, а се слуша еден од присутните кој повеќе пати повторува „мавајте“.  Се огласи и европската комисија и ја осуди полициската бруталност против лицата од ромско потекло во Битола, без  коментар за истрагата, ниту судските постапки, додека се во тек, но нагласува дека нејзината позиција во однос на полициската бруталност и прекумерната употреба на сила е „многу јасна осуда“.Спасовски е дециден дека исто така не поддржува насилство што значи напад на полициски службеник, затоа што напад на полицаец е напад на државата, коментирајќи го претепувањето на петмината полицајци од насилните дрвокрадци во велешко.

– Барам поддршка од граѓаните, од медиумите, сите заедно да се заштитуваме меѓусебно и грѓаните, меѓутоа да ја штитиме и македонската полиција, затоа што секогаш кога е потребно и тешко, секогаш кога сме во незавидна ситуација бараме помош од македонската полиција и врз основа на тоа, таква и почит треба да имаме. Затоа овој случај во Битола е во рамки на истрагата и сетоа она што е потребно да го обезбедиме како МВР ќе биде обезбедено, како докази, и врз основа на тоа да се носат одлуките, рече министерот Спасовски, додавајќи дека за нападот врз петтемината полицајци, од кои еден е во сериозна здравствена состојба, веќе се уапсени и им се одредени  мерки притвор за 10 лица.

Двјацата потешко повреднеи полицајци зздравуваат во велешката болница и ургентниот центар во Скопје, додека обвинителството кривично гони десетмина напаѓачи. По протестот против полициската бруталноство во Битола на социјалните мрежи е закажн и марш за подршка на полицајците со барање за повлекување на кривичната пријава за полицаецот осомничен за пречекорување на службените овластувања.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи: Нашиот пат никогаш не минува преку Али Ахмети

Дејан Дејан

КОД: Истрага за еколошки последици од мазутот на РКМ за ТЕЦ

Дејан Дејан

Секој четврти млад невработен – компаниите бараат усогласување на образованиeтo со пазарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе