Во декември ќе биде готова листата на државни институции, агенции и инспекторати кои ќе се укинат или спојуваат поради поклопување на надлежностите. Засега нема овифицајна бројка за колку институции стѕанува збор и колку вработени имаат тие. Професионализација на админстрацијата, воведување на систем за оценка на работата на државните институции и каталог на работни места се дел од приоритетите во претстојниот мандат на министерот за информатичко општество Јетон Шќири.
Државни институции ќе се кратат и спојуваат бидејќи имаат исти надлжености или исти задачи потври и министерот за информатичко општество Јетон Шаќири, откако тоа го најави и вицепремиерот за борба против организиран криминал и корупција Љупчо Николовски. Колку точно државни институции ќе згаснат, колку вработени имаат и колкав терет претставуваат на Буџетот засега нема информации од двајцата министри. Единствено приближна временска рамка според која листата на институциите кои ќе се најдат на „отстрел“ ќе биде готова во декември.
Административците вработени со рамковниот клуч кои иако не одат на работа добиваат плата сеуште не се распределени во други државни институции. Процесот го водат министерствата за информатичко општество и политички системи но временска рамка за нивен транфер сеуште нема.
Дигитализација на информациите и надградба на порталот за електронски услуги министерот Шаќири ги наведе како приоритет во неговиот четиригодишен мандат.
Во четиригодишниот мандат Шаќири наведе дека ќе работи на професионализација на админстрацијата, воведување на систем за оценка на работата на државните институции, каталог на работни места со што би се изедначиле платите кај службениците.
Огнен Чанчаревиќ