Воспитувачка од градинката „Коца Василева“ во Битола позитивна на КОВИД-19 испрати во изолација 13 деца од нејзината група и една негувателка. Овој случај не се поврзува со претходно заболената вработена од истата градинката, затоа што воспитувачката се заразила надвор од работното место, од нејзиниот сопруг. Taa од четвртокот е во самоизолација веднаш откако добила информација дека сопругот имал контакт со заболен. Тестирањето во саботата потврдило дека двајацта се позитивни на вирусот. Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје одлучиле сите деца од незјината група и негувателката да одат во изолација.
-Ставени се во домашна изолација поради претпазливост иако нема опасност за децата, затоа што воспитувачката строго ги почитува протоколите. И негувателката е во изолација поради контакт со заболената воспитувачка. Ќе видиме понатаму што се ќе се случува, изјави СнежанаТодоровска, директор на ЈОУДГ„ Мајски цвет“-Битола.
Ова е втора вработена заболена од КОВИД-19 во една од најголемите градинки во Битола, каде со новите протоколи може да се згрижат над стотина деца. Иако претходно една негувателка, а сега воспитувачка се позитивни на вирусот, од градинката велат дека тоа не содава паника кај родителите, па бројот на згрижени деца и денес е вообичаен, а според протоколите извршена е вонредна дезинфекција на занималната.
-Бројот на деца во Коца Василева денес не е намален. Во четвртокот одржав родителски средби со сите групи. Родителеите ни даваат поддршка за работата, вели Тодоровска.
Министерката за труд и социјала Шахпаска, вели дека се следи состојбата во градинките, се постапува според протоколите и апелира да се почитуваат мерките.
Откако овие установи за згрижување деца на 9 септември ги отворија вратите по шест месечна пауза, до денес се регистрирани 4 заболени вработени во градинки во Битола, Скопје и Свети Николе, а во скопска градинка пред десетина беше регистриран и првиот случај на дете заразено од ковид 19 .
Емилија Мисирлиевска