Централниот настан е пред спортската сала Борис Трајковски каде се одржува концерт „Скопските евергрини“. Најпознатите скопските хитови ќе бидат изведени од најголемите македонски музички ѕвезди, Влатко Стефановски, Тамара Тодевска, Јаков Дренковски, Дарио и други во придружба на Баги Биг Бендот, под диригентската палка на Љупчо Мирковски.
Вкупно на десет локации ќе се одржат 23 настани мултимедијални проекти, ликовни изложби, тетатарски претстави, филмски проекции.
Поради почитување на мерките и препораките на Министерството за здравство и Град Скопје за заштита од пандемијата на корона вирусот, настаните од Бела ноќ почнаа од 19 часот и ќе траат до 24 часот. Работното време на локалите нема да биде продолжено по 24 часот, нешто што беше вообичаено за минатите Бели ноќи.