Македонија Најважни

Платформата за учење на далечина достапна за учениците

На 5 дена пред старотот на учебната година, веб страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk.

Министерството за образование  ги повикува учениците и родителите да ја посетат и да се запознаат со нејзините функционалности пред стартот на учебната година.

-На платформата веќе се поставени видео упатства и прирачници, но и други содржини, кои ако се следат внимателно, на едноставен и лесен начин ги водат корисниците низ платформата. Во овој значаен процес важна е силна и партнерска соработка на сите нивоа и секој ден ни е важен за успешно започнување на онлајн наставата, стои во соопштението од МОН.

Министерството испратило насоки до сите училишта задолжително да ги достават до учесниците корисничките лозинки

-Ги повикуваме директорите на училиштата коишто не го сториле тоа, да го забрзаат процесот и да ги испратат лозинките до учениците во текот на викендот, бидејќи за неколку дена е официјалниот страт на учебната година, порачуваат од министерството

Министерството за образование и наука ги повикува локалните самоуправи и градоначалниците, кои, исто така, се наш важен партнер во овој процес, максимално да се посветат на обезбедување услови за непречен старт на учебната година во училиштата, без разлика дали станува збор за физичко присуство, или за учење од далечина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи: Нашиот пат никогаш не минува преку Али Ахмети

Дејан Дејан

КОД: Истрага за еколошки последици од мазутот на РКМ за ТЕЦ

Дејан Дејан

Секој четврти млад невработен – компаниите бараат усогласување на образованиeтo со пазарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе