Култура

Почина Горан Паскаљевиќ, режисер кој го афирмираше хуманизмот

Горан Паскаљевиќ, истакнат српски и екс Ју режисер и сценарист, почина во Париз во 74 година од животот.

Студираше филмска режија на Прашката академија, а во неговата кариера оствари петнаесетина играни и повеќе од 30 документарни филмови и телевизиски драми. Негов прв игран филм во 1976 година е „Чуварот на плажата во зимскиот период“ . А, меѓу останатите познати филмски остварувања се вбројуваат: „ Кучето што ги сакаше возовите“, „Специјален третман“, „ Лажливо лето 68“, „Буре барут“, „Танго Аргентино“… Последен филм му е „ Наспроти маглата“, снимен минатата година во Италија.

Тој е добитник на многу значајни награди, вклучувајќи ја таа од критиката за најдобар европски филм  во 1998 година, добиена за филмот „Буре барут“ , работен според драмата на нашиот драматичар Дејан Дуковски , како и наградата на фестивалот во Сан Себастијан, 1990 година, за филмот „Време на чудата“. Списанието „Варајети“ во 2001 година го прогласи за еден од петте најдобри режисери, а одликуван е со Францускиот орден за уметност и литература.

Горан Паскаљевиќ е првиот филмски режисер што во 2002 година во Минхен ја доби престижната награда „Бернард Вики Мост“, за промоција на хуманизмот во своите дела. Во неговото последно интервју за српски „ Новости“, Паскаљевиќ порача дека светот мора да поверува во добрината.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе