Ковид19 Македонија Најважни

Неизвесно кој ќе добие легло во студентски дом, а кој е ќе бара приватно сместување

Конкурсот за прием во студентските домови заврши, протоколите како ќе функционираат се донесени, ама се уште не се знае кој од студентите од четврти октомври ќе живее во студентски дом, а кој ќе треба да бара стан или соба под кирија. Освен тоа, на оние кои нема да бидат примени им се даде и избор да земат пари за превоз. Времето е кратко, ама од МОН велат сите студенти кои аплицирале нема да бидат оставени на цедило.

Во меѓувреме заврши обуката на националните тренери за платформата за онлајн настава. Секој од нив обучи по 40 наставници, или околу 1.600 наставници во земјава.

Од денеска до училиштата се праќаат и лозинки за вклучување на платформата која директорите и наставниците треба да ги препратат на учениците. Ваквата платформа ќе ја користат повеќете училишта во Македонија, затоа што само 169 училишта добија согласност за настава со физичко присуство и во повисоките одделенија.

Дозвола за редовна настава од 1-ви октомври добија само 4 средни училишта. Сепак, безразлика на моделот на настава, од Комисијата за заразни болести за Телма велат дека нема да има одложување на стартот на школската година.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе