Македонија

Државниот врв бара помош од Вартоломеј за признавање на МПЦ

За период од неколку дена, вселенскиот патријарх Вартоломеј прими две писма од Македонија: едното во неделата од претседателот Пендаровски, другото вчера од премиерот Заев. Во двете се бара признавање на Македонската православна црква како автокефална.

Претседателот Пендаровски вели дека тоа не значи мешање на државната во црковната власт и дека не постои ниту една православна држава во светот која не ја поддржува својата црква. Во писмото, тој бара Вартоломеј да го употреби своето апелационо право, со што нашите православни граѓани би станале еднакви со останатите православни христијани.

Премиерот Заев во своето писмо истакнува дека „православниот народ во нашата земја заслужува црковна независност што ја сонува веќе цел еден век и дека очекува да ја види МПЦ-Охридска архиепископија признаена како автокефална, со благослов и со писмена одлука од првиот меѓу Христовите архиереи на земјата – цариградскиот патријарх Вартоломеј“. Заев го потсетува и на нивната средба од јануари годинава во Истанбул, реализирана на покана токму од патријархот.

Немало координација со Синодот на МПЦ, но секако писмата се за поздравување, вели за Телма владиката Тимотеј.

Овие напори на државниот врв за решавање на статусот на МПЦ, за соседна Србија се „попречни патишта кои не придонесуваат за добрите односи меѓу двете земји“. Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, побара да се почитуваат правилата на православната црква и Вселенскиот патријарх да биде на таа страна, како што бил против создавање Црногорска православна црква.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Дејан Дејан

Да не му тропнат истражители на врата на Али Ахмети, со Таравари ќе пие кафе за разделба, Мицкоски со пораки за двајцата партиски лидери од спротивната страна на власта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе