„Состојбата во земјата и регион е стабилна и не може да се наруши теритиријалниот интегритет“, претседателот Пендаровски ја изнесе оценката од состанокот на денеска одржаниот Совет за безбедност.
За потенцијалниот бегалски бран, тој рече дека се следи состојбата.
Пандемијата со Ковид – 19 е најважен предизвик во наредните месеци и не се очекува да влијае врз безбедносната состојба.
Во однос на безбедносните импликации со 5г технологија, сега се следи се како членка на НАТО. Владата треба да ги следи препораките, рече Пендаровски. МНР да почне да изготвува меморандум за соработка, со кој ќе се бара сопственичка струкрура на компаниите.
За писмо до Вартоломеј, Пендаровски истакна дека не гледа ништо спорно.