Германија сака до крајот на годината Макеоднија да ги почне преговорите со Европската унија, што како потврда стигна денеска и новиот евроамбасадор во земјава, Дејвид Гир, додека германскиот министер Михаел Рот вчера и порача да не се даваат дополнителни услови на земјава за тоа, реферирајќи на меморандумот од Бугарија на предлог-преговарачката рамка. Премиерот Заев пак чека датум од Бугарија за средба со Борисов, на која би разговарале и бугарскиот доклумент со кој таа го оспорува македонскиот идентитет.
Европската унија едвај чека да ги започне преговорите со Македонија порача денеска новиот амбасадор на Европската унија во земјава Дејвид Гир, но за тоа да се случи потребно е прво да се усогласи преговарачката рамка за земјава меѓу земјите-членки. Гир рече дека не е во можност да зборува за внатрешната дебата во Унијата околу преговарачката рамка на која Бугарија достави меморандум со негирање на македонскиот идентитет и јазик,
Дека целта на Германија е старт на преговорите со Македонија до крајот на година потврди вчера и германскиот министер за Европа, Михаел Рот, за што не тревба на земјава да и се додаваат дополнителни критериуми, реферирајќи на бугарскиот меморандум на предлог-преговарачката рамка.
„Ние себе се гледаме како чесни олеснувачи за да се изградат мостови стабилни за сите и разговараме за прашањата со нашите бугарски партнери, затоа што треба да работиме врз основа на тоа за што сме се договориле заедно, не треба да воведуваме дополнителни критериуми и услови кои не фигурираат во заклучоците на Советот“, рече Рот.
Рот ги повика сите членки, особено на блиските соседите на регионов, да му помогнат во европската перспектива. На таа линија беше денеска и Гир кој во кнтекст на добрососедските односи порача дека договорите со соседите треба да се спроведуваат добронамерно од сите страни.
Премиерот Зоран Заев пак се надева дека до 10 ноември ќе се сретне со бугарскиот премиер Бојко Борисв при што ќе разговараат и за меморандумот, но рече дека на прецизен датум се чека повратен одговор од Софија.
Заев се надева дека и Комисијата за историски прашања наскоро ќе најде решени за Гоце Делчев, за кој тој денеска рече дека е македонски револуционер, но кој Бугарија го смета за свој револуционер, но оти за тоа треба да се разговара и да бдие прашање кое не треба да ги дели двете земји, туку да ги зближува.
Заев со Гир, кој пред една недела ја презеде функцијата евроамбасадор од Самуел Жбогар, разговарале и за она што се очекува од земјава во делот на реформите. Притоа од Гир посочи дека треба да се реформираат сите области особено владеењето на правото што би значело делување во тој дел од почетокот до крајот на преговорите. Гир ги повика сите општествен и политички сили да се вклучат кнструктивно во процесот на интеграција на змејава во Унијата.
Тамара Грнчароска