Нови структурни реформи во ВМРО ДПМНЕ.Генералниот секретар на партијата од лични причини ја напуштил функцијата.Централниот комитет синоќа избра и нов Извршен комитет.
Во него се најдоа најблиски соработници на лидерот на партијата Христијан Мицкоски.Рашела Мизрахи, Гордана Димитриевска Кочовска, Стефан Андоновски, Антонио Милошоски,Дафина Стојановска, Олга Лозановска,Марија Андоновска.Во извршниот ќе биде и др Веле Марковски.
Од старите членови остануваат Влатко Ѓорчев,Коце Трајановски, Трајко Славески.
Вонреден конгрес нема да се свика. Централниот комитет едногласно го отфрлил предлогот на Мицкоски.
Од иницијативниот одбор на ВМРО ДПМНЕ велат дека Мицкоски е само лош глумец, чија суета ја турка партијата партијата во пропаст.
Да беше искрен во предлогот за вонреден конгреси во намерата да не се кандидира, ќе ја искористеше можноста што ја дава статутот, ќе си дадеше оставка и ќе беше свикан конгресот наместо да прави театар, злоупотребувајќи го централниот комитет кој е со истечен мандат, реагира иницијативниот одбор.
Јулијана Пешевска