Вести Македонија Топ вести

16-мина во полициска станица по говор на омраза од хулигани кон свадбена поворка

За една недела, два испади на хулигански групи со говор на омраза. Овојпат во Ѓорче Петров имаше напад врз свадбена поворка во време кога беше мешот Македонија-Вардар. Група помлади навивачи скандираа пароли со омраза кон Албанците. Свадбената поворка застана и неколку повозрасни и покрупни мажи тргнаа кон момчињата. Тие престанаа со скандирања и пополека се повлекоа кон внатрешните улици. Посериозни физички инциденти не се забележани,а полицијата тврди дека заедно со обвинителството ги истражува и најновиот и минатонеделниот сличен  хулигански акт, но и ги осудува.

Преку социјалните мрежи се ширеше информација дека станува збор за припадници на Комити, но професорот Иван Анастасовски вели дека таквите работи првин треба да се проверат за да се види дали хулиганите се официјални членови на некоја организирана навивачка група или не. Анастасовски се чуди зошто навивачи одат во населби каде игра нивниот тим кога поради короната е забрането присуство на публика и наместо фудбал организираат ширење на омраза далеку од стадион.

Навивачките испади со говор на омраза се казнуваат по два закони кои се важечки во државата и предвидуваат казни.

Единствената добра работа од инцидентот со говор на омраза е што е избегнат судир на навивачите и свадбарите и нема повредени, но државата ќе мора да ги најде и казни изгредниците и во иднина да спречува слични инциденти.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе