Вести Култура

Кинематографот Јануш Зигмунд Камински добитник на „Златна камера 300“

Без проекција на филмови и без црвен килим, со едночасовен настан, со ковид протоколи и под ведро небо, вечарва во Битола симболично е одбележано 41 издани на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“.

Наградата на Друштвото на филмски работници „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ му беше доделена на режисерот Столе Попов, а добитникот  на  „Златната камера 300 за животно дело“  e полско-американскиот кинематографер и двоен оскаровец, Јануш Камински, кој се заблагодари преку видео порака.

Попов во своето обраќање нагласи дека добивал многу награди, но според него најсилни и иманентни се наградите од публиката и од колегите. Токму така го разбира годинашното високо фестивалско признание.

Добитникот на „Златна камера 300“ за животен опус Камински рече дека инвентивноста и оригиналноста на браќата Манаки го мотивираат час поскоро да дојде во Битола за да лично си ја подигне својата награда и очекува дека тоа ќе биде в година ова време.

Пред присутните се обрати и претседателот Стево Пендаровски, кој истакна дека е добро што и покрај пандемијата на Ковид-19, „Браќа Манаки“ се одржува и годинава во скратена и во изменета форма.

-Дозволете да ве поздравам како покровител на првиот и меѓу стотиците филмски фестивали, еден од само неколкуте во светот, кои се фокусирани на кинематограферите, фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“. Станува збор за еден од најзначајните културни настани во нашата земја, настан во кој е вткаена богата историја, многу ентузијазам и љубов кон филмската уметност. Благодарение на овој фестивал, Битола и нашата држава се препознаени во светот на седмата уметност, истакна Пендаровски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе