Вести Македонија

Обвинителство го отфрли случајот Теретана- Мицкоски не бил на вежбање во време на забрана со корона-мерките

Обвинителството нема да постапува и да го гони опозицискиот лидер Христијан Мицкоски и неговите телохранители во случајот Теретана бидејќи откако се проверени снимките во фитнес центарот е утврдено дека никој не го користел додека траела забраната за работа на теретани донесена како мерка за спречување на корона вирусот.

Обвинителството оцени дека нема кривично дело кое се гони по службено должност бидејќи во спорниот период на видео-записите во објектот „не биле забележани ниту посочените, ниту други лица да ги користат услугите на фитнес – центарот спротивно на донесените забрани“.
Што се однесува до оригиналните снимки утврдено е дека не се манипулирани и на видео-записите нема лица кои доаѓаат да вежбаат во време на забрана.

Од обвинителството не објаснуваат дали ќе биде покрената постапка против креаторите на снимките кои беа објавени на социјалните мрежи на кои се гледаат Мицкоски и телохранителите со заштитни маски под брада и ракавици поради што отпочна предистрагата.

Тие снимки во јавноста беа протолкувани како директно кршење на мерките од страна на опозициониот лидер. Тогашните структури во СВР Скопје кои ги прибавија снимките за обвинителството тогаш изјавија дека снимките од социјалните мрежи биле преправани. За ракавиците на снимките, техничкиот министер Наќе Чулев изјави дека станува збор за отсјај, а сега обвинителството соопшти дека такви снимки воопшто не се направени во спорниот период.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе