Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Современи екосистеми“ во МСУ

/

Македонија

Сподели преку :

Дела создадени на терен, во интеракција со богатата природа на Шар Планина, кои имаат за цел да ја стимулираат свеста на јавноста за важноста на природното наследство и уметничката вредност на нејзиниот биодиверзитет.

Станува збор за заеднички проект на италијанските уметници Роберто Геци и Антонио Масаруто во кој дијалогизираат уметноста и екологијата, скулптури и инсталации создадени за време на нивниот престој во Националниот парк Шар Планина.

„Мислам дека првиот чекор е да ја запознаете природата, затоа што само ако ја познавате може да се вљубите во неа. И дури тогаш можете да ја заштитите и да ја сочувате од загадување, ѓубре и останатите проблеми кои ги има и во РС. Македонија, исто така во Италија, во светот воопшто“ – изјави уметникот Роберто Гаци.

Дали доволно ја познаваме природата за да ги мапираме локациите кои комуницираат со неа, типичната фауна на локалната средина беа инспирација за скулптурите и инсталациите на Антонио Масаруто.

„Мислам дека ова е навистина интересна земја, земја со големи контрасти. За мене лично е многу важно, како што можете да видите со моите скулптури. Скулптури со форми кои би можеле да бидат животни или нешто сосема апстрактно“ – смета уметникот Антонио Масаруто.

За своите дела вели дека се тука за да ги загатнат прашањата за современата уметност и нејзиониот однос со науката и животната средина, но публиката е таа која би требало да ги даде одговорите колку сме свесни за она што и го правиме на природата и кои се последиците.

Некои инсталации ќе бидат оставени на самиот терен каде биле создадени, некои пак ќе бидат донирани на МСУ. Целиот проект е во соработка со Националниот парк „Шар Планина“, Планинарскиот клуб Љуботен и Македонското еколошко друштво.

Нина Стефанова

 

Jumbo 2