Промо тв Серии

ТИ ГО ДАВАМ ЖИВОТОТ – од понеделник до петок во 11:35

Ова е приказна за две семејства кои доаѓаат во контакт преку шестгодишниот Нико, дете кое со месеци се бори со тешката леукемија. За Елена и Ернест, единствениото решение е да ги пронајдат биолошките родители на Нико, за да го спасат животот на своето посвоено дете. Од тој момент, дотогаш среќното семејство е ставено пред голем предизвик.
Мајката не успеваат да ја пронајдат, но ќе го пронајдат Педро, татко му на Нико, кој е шокиран од веста дека воопшто има син. Откога ќе се увери дека Нико е навистина негово дете, Педро без поговор се согласува да биде донор на коскена срцевина. Еренесто и Елена му се благодарни, но го замолуваат да не биде во контакт со детето. Педро прифаќа, убеден дека момчето има убав живот со нив и дека за него нема место во неговиот живот…Но, судбината за нив има поинаков план.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗАЛИВОТ – од понеделник до четврток во 23:30

Дејан Дејан

КАФЕ СО МИРИС НА ЖЕНА – ТВ новела – ПРВА ЕПИЗОДА – понеделник, 01 јуни 2026 – 20:30

Promo Telma

СВЕТОТ ВО ПЛАМЕН

Promo Telma

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе