Владата во наредниот период ќе ги крои мерките со кои ќе се субвенционира вработувањето во приватните компании по етнички клуч тврди првиот Вицепремиерот Артан Груби .
Според него, ова е дел од владината програма со цел да се повикаат и охрабрат бизнис секторот, домашните и странски компании да ги подржат добрите меѓуетнички односи.
Висината на субвенциите дополнително ќе се утврдува.
Според Груби бројот на вработени Албанци и припадници на други етнички заедници во приватниот сектор е минорен.
Од Владата велат дека тие ќе ги помагаат сите компании за вработување преку еднаков пристап, без разлика на припадноста.
СДСМ пак ќе води битка за намалување на невработеноста.
“Владата помага и ќе ги помага сите граѓани подеднакво за да се искористи целокупниот човечки потенцијал со кој располага нашата земја. Секако дека одлуката за вработувања во приватниот сектор ја носат работодавците согласно нивните потреби, критериумите што ги одредуваат како и согласно компетитивноста на квалитетите, од различна етничка и полова припадност” – тврдат од СДСМ.
За опозициската ВМРО ДПМНЕ предлогот е дискриминирачки.
Стопанската комора на Македонија ја поздравува одлуката и смета дека е во насока на поттикнување на нови вработувања, креирање на можности за обезбедување кадар за стопанството согласно потребите на деловните субјекти. Во таа насока, во услови на пазарно стопанство и креирање конкурентно производство како за домашниот пазар, така и за извоз, од клучно значење е да се има стручен, квалификуван и соодветен кадар кој ќе одговори на потребите на компаниите, велат од комората.
Јулијана Пешевска