Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во замена за 48 црковни и културни артефакти, Грција ќе ги испрати во Бугарија посмртните останки на Цар Самоил

/

Вести

Сподели преку :

Постигнавме договор со Грција за враќање на посмртните останки на нашиот Цар Самуил и објави попладнево гордо на својата нација, премиерот на Бугарија, Румен Радев.  Тој најави дека во сабота наутро ќе отпатува во Солун каде во Музејот на византиската култура, на церемонија чиј домаќин ќе биде премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, официјално ќе бидат предадени посмртните останки.

Но, испраќањето на коските на Самуил во Бугарија не доаѓа без противуслуга. Во согласност со договорот за меѓусебна размена на историски, религиозни и културни артефакти, кој го потпишаа министрите за култура на двете држави, Бугарија на Грција ќе ѝ врати 48 црковни и културни реликвии, кои во 1917 година, за време на Првата светска војна, биле однесени од грчки манастири и пренесени во Софија.

„По интензивните преговори, Бугарија и Грција постигнаа историски договор за враќање на посмртните останки на бугарскиот цар Самуил во неговата татковина. Шест децении не престанаа напорите на бугарската држава да ги врати посмртните останки на еден од нејзините најголеми владетели. Нам ни припадна историската чест да успееме во тоа и сакам да ја изразам својата најдлабока благодарност на премиерот на пријателска Грција, Кирјакос Мицотакис, за државничката визија, за политичката храброст и желбата да го постигнеме заеднички овој договор кој уште посилно ги поврзува нашите две држави. Денес споменот на цар Самуил ги обединува, а не ги разделува двете држави“ – изјави бугарскиот премиер, Румен Радев.