Осуда за Русија, поддршка за Украина и апел до Белорусија да прекине да и помага на Русија во агресијата. Ова се дел до заклучоците на Лидерите на земјите од Г7 (Велика Британија, Германија, Италија, Канада, САД, Франција и Јапонија) по самитот во онлајн формат.
Ги осудуваме намерните чекори на Русија кон ескалација, вклучително и делумна мобилизација на резервистите и неодговорната нуклеарна реторика која го загрозува глобалниот мир и безбедност.
Повторуваме дека секоја употреба на хемиско, биолошко или нуклеарно оружје од страна на Русија ќе има сериозни последици“,се наведува во заедничкото соопштение на земјите.
Се заблагодари украинскиот претседател Зеленски кои во последното обраќање до нацијата повика на поголема воена поддршка особено под засилените ракетни напади од руска страна.












