Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хаменеи е мртов, Блискиот Исток во нова ескалација

/

Свет

Сподели преку :

Иранската државна телевизија потврди дека врховниот лидер Ајатолах Али Хаменеи е убиен во американско-израелски воздушни напади. Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека одмаздата е „легитимно право и должност“ на Техеран.

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со невидена сила доколку Иран ги прошири нападите. Израелската војска соопшти дека нападите врз цели во Иран продолжуваат втор ден.

Иран возврати со ракетни напади и напади со беспилотни летала, а инциденти се пријавени и во Персискиот Залив, вклучително и напад врз нафтен танкер во близина на Оман.

Дел од иранската јавност излезе на улиците – некои жалејќи, други славејќи – додека протести избувнаа и во Пакистан и Ирак.

Во Карачи, судири пред американскиот конзулат резултираа со жртви и материјална штета.

Ескалацијата предизвика силни потреси на енергетските и финансиските пазари. Цената на нафтата скокна над 70 долари за барел поради страв од прекин на испораките низ Ормускиот теснец, клучна рута за глобалната трговија со нафта.

Дел од земјите од ОПЕК+ најавија итен состанок за можноста за зголемување на производството, додека воздушниот сообраќај на Блискиот Исток е сериозно нарушен поради затворање на воздушниот простор и оштетувања на неколку аеродроми.

 

Врховниот лидер е мртов – потврди Иран

Иранскиот врховен лидер, Ајатолахот Али Хаменеи загинал во вчерашните американски и израелски напади врз неговата резиденција во Техеран, потврдија иранските власти. Иако во текот на вчерашниот ден постојано се појавуваа конфликтни информации за судбината на Ајатолахот, кои кулуминираа со синоќешната објава на американскиот претседател Доналд Трамп дека Хамеини бил ликвидиран, теократскиот режим инсистираше дека врховниот… Продолжи со читање

telma.com.mk