Илјадници луѓе ширум југоисточна Австралија се повикани да ги напуштат своите домови кои се поплавени по неколкудневните поројни дождови што ја зафатија земјата како последица на глобалниот временски феномен „Ла Ниња“, кој се повторува во интервали и е поврзан со ладењето на површинските температури во централниот и источниот екваторијален дел на Тихиот Океан.
Голем број домови се поплавени и во вториот најнаселен австралиски град Мелбурн, а се предвидува дека нивото на реките во оваа населена област ќе остане опасно високо со денови.












