Хакирана веб-страницата на Европскиот парламент откако претходно ова тело ја прогласи Русија за државен спонзор на тероризмот поради руските напади врз украинските цивили и енергетската инфраструктура на земјата, поради што на милиони Украинци им се заканува смрзнување оваа зима.
За нападот, на Твитер информираше портпарол на Европскиот парламент Хаиме Дух кој соопшти дека интернет страната е недостапна поради зголемен недворешен мрежен сообраќај кој пак е резултат на DDOS напад.
Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, исто така накратко го коментираше хакерскиот напад, велејќи дека про-Кремљ група ја презела одговорноста за истиот. „Мојот одговор: Слава на Украина“, пишува таа на својот твитер профил.













