41-годишна Македонка избодена до смрт пред очите на малолетниот син во Германија. Сопругот е главниот осомничен за убиството кое го пријавил 16-годишниот син.
Германските медиуми пишуваат дека полицијата на самото место пронашла докази коишто укажуваат дека осомничениот 47-годишен маж е исто така со македонско потекло.
Откако било пријавено полицијата, започнала потера, а тој преку итниот повик сам се пријавил во полицијата во Гелзенкирхен. Без отпор дозволил да биде уапсен од полициски службеници на соседниот град.
Сè уште не е јасен мотивот за злосторството. Децата по убиството се згрижени кај нивни роднини.












