Во 19 часот вечерва се затворени избирачките места во Брвеница каде жителите од десетте населени места во општината можност да гласаат за градоначалник на предвремените локални избори.
По затворањето на избирачките места, ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.
Гласачките места беа отворени во 7 часот. Право на глас имаа 16.256 избирачи од кои 449 се на привремена работа во странство, а во затвор или во притвор се девет избирачи.













