Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Запленети над 64 илјади евра при обид за нелегален пренос

/

Македонија

Сподели преку :

Царински службеници на граничниот премин Табановце спречија обид за нелегален пренос на 64.250 евра при контрола на автомобил со германски регистарски таблички, управуван од грчки државјанин.

Против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежниот суд, а непријавените девизи се запленети.

Според Царинската управа, патникот при влезот во државата пријавил дека носи 60.000 евра и приложил соодветен образец издаден при влез во Република Србија.

Поради сомневање во неговата изјава, царинските службеници, во соработка со полициски службеник на Фронтекс, извршиле детален претрес при кој биле пронајдени вкупно 124.250 евра.

Согласно Законот за девизно работење, на патникот му биле вратени пријавените 60.000 евра, додека преостанатите 64.250 евра биле одземени.

Од Царинската управа информираат дека од почетокот на годинава се откриени вкупно 30 случаи на нелегален пренос на девизи. Во тие случаи се запленети 820.675 евра, 141.300 британски фунти и 35.000 австралиски долари.

Jumbo 2