Две лица загинаа во сообраќајната несреќа со патничко возило кое излетало од коловозот и паднало во реката Радика во близина на Бигорскиот манастир.
Од МВР информираат дека станува збор за возачот и негов сопатник кои биле во патничко возило „фолксваген бора“ со гостиварски регистарски ознаки, кое се движело на регионалниот пат Маврово – Дебар.
„Денеска (02.01.2026) во 15:50 часот во ОВР Гостивар пријавена е сообраќајна незгода на регионален пат Маврово Дебар во која патничко возило ,,фолксваген бора” со гостиварски регистерски ознаки сопственост на А.Ф. од Гостивар, изгубило контрола и паднало во реката Радика. Од незгодата животот го загубиле возачот и сопатникот во возилото“, соопштуваат од МВР.
Увидот на местото на несреќата е сè уште во тек.

Патничко возило изгубило контрола, се излизгало од коловозот и паднало во реката Радика, во близина на Бигорскиот манастир, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Според ЦУК, случајот бил пријавен попладнево во 15:48 часот во дежурниот центар Е-112 Охрид. Засега нема информации колку лица имало во возилото и дали има евентуални настрадани во сообраќајната… Продолжи со читање













