Меѓу тројцата македонски државјани кои загинаа во тешката сообраќајна несреќа во Словенија има две малолетни лица, потврди Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
До македонската Амбасада во Љубљана било доставено официјално известување од словенечката полиција за несреќата што се случила на 27 август на автопатот А1, во близина на Унец.
- Во незгодата животот го загубиле три лица – едно полнолетно и две малолетни лица, државјани на Република Северна Македонија. Повредени се уште две лица кои се наоѓале во возилото и кои исто така се македонски државјани. Случајот го обработуваат надлежните полициски органи во Копер. Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е во комуникација со надлежните словенечки институции и го следи понатамошниот тек на постапката, соопшти МНР.

Тројца македонски државјани загинаа, а уште двајца се повредени во тешка сообраќајна несреќа во Словенија што се случила попладнево околу 16:30 часот меѓу Унец и Равбаркоманда, во правец кон Копер, јавија словенечките медиуми. Според првичните информации на словенечката полиција, во несреќата учествувале товарно и патничко возило. Камионот поради дефект бил запрен покрај автопатот, кога автомобилот… Продолжи со читање
Според првичните информации на словенечката полиција, во несреќата учествувале товарно и патничко возило. Камионот поради дефект бил запрен покрај автопатот, кога автомобилот удрил во задниот лев дел од приколката.













