Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Второто полугодие во Гостивар почнува со речиси двесте ученици помалку

/

Македонија

Сподели преку :

Бројките на испишани ученици, говорат дека сѐ поголем број семејства од земјава се преселуваат во странство, во потрага за подобар живот. Загрижува податокот дека второто полугодие на оваа учебна година во училиштата во општина Гостивар, започнало со речиси 200 ученици помалку, поради миграцијата, претежно кон западно-европските земји.

Од локалната самоуправа велат дека не можат да го спречат ваквиот тренд, иако се трудат да понудат подобри услови.

Миграцијата го прави своето иако ние се трудиме, да им обезбедиме добри услови во општина Гостивар за луѓето и децата да останат тука, но веќе и ние како Општина не можеме да влијаеме врз нивните родители, затоа што тие си ги земаат своите деца и заминуваат во странство. Бројката во нашата општина, во средните училишта е околу 50, а во основните околу 140 до 150 ученици од првото полугодие па до сега, рече аслијан снопче, раководителка на секторот за образование во општина гостивар.

 И во општина Тетово родителите на околу 160 ученици побарале пред почетокот на второто полугодие нивните деца да бидат испишани од редовната настава.

128 ученици кои барале отпусно писмо од основни училишта кои заминуваат во западните држави, додека во средните училишта оваа бројка е 31 ученик кои барале испишување од нашите средни училишта, што вкупно доаѓа некаде 159 ученици кои се отпишале од нашите училишта, рече раководителот на секторот за јавни дејности на општина тетово назми даути.

 Во штипскиот регион, пак, образованието во земјава нема да го продолжат 50 ученици. Нивните родители побарале исписници заради заминување во странство.

Бројките покажуваат дека тоа не е мал број на ученици од средните и основните училишта. Во средните училишта имаме 26 ученика кои што пријавиле дека заминуваат, а во основните 24 ученика. Значи, на ниво на општина тоа се 50 деца кои нема да посетуваат настава, изјави Снежана Санева, раководителка на Сектор за образование, Општина Штип.

Ваквиот проблем го има речиси во сите општини. Миграцијата на населението доаѓа до израз особено за време на уписите во училиштата, кога има сѐ помалку ученици во споредба со претходните години.

Данијела Билбилоска

 

Jumbo 2