Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Втор ден градски воз со безбедносни проблеми

/

Македонија

Сподели преку :

Возот има предност секогаш. Но, на железничкиот премин, правилото понекогаш останува само на хартија.

На мрежата од повеќе од 150 патни премини, дел од сигнализацијата со години е проблем. Некои премини биле вон функција, други со стара инсталација. А бакарот наместо да биде дел од системот за безбедност,  често завршувал во рацете на крадци.

„На градскиот воз има вкупно 11 патни премини. Не секој патен премин е со рампа некои имаат само светлосна сигнализација од семафор, меѓутоа и вчера бевте сведоци и самата каде што тој што решил да не го почитува патниот премин, не го почитува. На спуштена рампа пред воз се обиде да помине“, рече Синиша Ивановски директор на МЖ Инфраструктура

Инцидент се случил и изминатиов викенд, додава Ивановски.

„Викендов имавме возило коешто удри во воз, не возот во возилото, возот се движи кон неговата траекторија, не почитувајќи патен премин и рампа удри. Ова е најпредизвикувачкиот сегмент од функционирањето на самата железница во Македонија. Многу полесно е да реконструираме или можам да кажам помалку тешко да реконструираме отколку да ги санираме сите патни премини и верувајте ми дека најголемиот фокус во периодот и тој што следи е да ја подигнеме безбедноста на повисок степен“, Синиша Ивановски директор на МЖ Инфраструктура

Имало ситуации кога возот морал да застане за да поминат автомобилите. Железничарите сведочат за ризични ситуации кои можеле да завршат кобно.

„Сум застанувал воз, имало случка две три коли да поминат па да помине возот, на необезбедени рампи. Но се направија, се обезбедија рампите и се како што треба“, рече Витомир Пауновски отправник на возови

Додека власта го промовира новиот градски воз, скопјани се уште ги чекаат новите автобуси. Договорот со унгарската фирма Икарус е потпишан, а најааите на градоначалникот Орце Ѓоршиевски се дека првите електрични возила треба да стигнат до крајот на годинава. Во базите во Автокоманда и Ѓорче петров ќе бидат поставени полначите, додава министерот Николовски.

„Заврши јавната постапка, сега во моментов одат оние технички работи, обезбедување банкарска гаранција, потпишување на договори итн и согласно договорот во рок од шест месеци ќе се достават првите 30, во рок од 12 месеци вторите 60 и во рок од 18 месеци и останатите 60 автобуси. Заедно со град Скопје и со општините кои што ќе ги користат и во ЕВН веќе работиме на инфраструктура за полначите затоа што сите ќе бидат електрични“, кажа Александар Николоски министер за транспорт и врски

Додека се чекаат новите автобуси, граѓаните чекаат и на постојките. Особено во летните денови, кога високите температури и нередовниот превоз стануваат двојна мака за патниците. Последното истражување на Центарот за граѓански комуникации покажува дека ЈСП располага со 341 автобус, од кои исправни се само 185. Инаку денеска премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и дел од скопските градоначалници се возеа со градскиот воз. Првиот дел од проектот стартуваше вчера. Линијата треба да го поврзе Зелениково со централното градско подрачје. До 2028 година се најавени уште две линии  едната од Железничката станица преку Бутел, Скопје-Север и Ѓорче Петров, а другата преку Автокоманда и Маџари до Илинден.

Симона Петровска

 

Jumbo 2