Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Врачени ордените „8 Септември“ на петмина културни дејци

/

Култура

Сподели преку :

Во вилата Водно, по Денот на независноста на Македонија, со орденот „8 Септември“ претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова одликува петмина истакнати личности кои се вградиле во развојот и постигнувањата на македонската култура, уметност и наука.

Беа одликувани драмскиот писател и дипломат Јордан Плевнеш и поетот, критичар и издавач Раде Силјан, а, постхумно орденот го добија и театарскиот и филмски актер Мето Јовановски, албанологот Џеват Гега и сликарот, музичар и графичар Глигор Чемерски.

Во обраќањето Слијановска Давкова кажа дека се работи за личности кои оставиле неизбришливи траги во времето. А, Раде Силјан по примањето на орденот рече дека најтешкото прашање денес е, дали нашите деца гледаат иднина во татковината.

 

Jumbo 2