Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Возел со 163 км./ч. на место каде е дозволено 80 км./ч. – романски државјанин лишен од слобода на „Табановце“

/

Македонија

Сподели преку :

Романски државјанин бил лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“, откако преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека „безобѕирно управувал со моторно возило“, што е кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик.

„Вчера во 06:30 часот, на автопатот А1 во близина на Демир Капија, Х.В.С. управувал со возилото со брзина од 163 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час“, посочуваат од МВР.

Тој бил спроведен во Полициска станица во Неготино за натамошна постапка и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Jumbo 2