Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Водно доби нов парк, изграден од дрвјата кои паднаа при силното невреме во Скопје

/

Македонија

Сподели преку :

Водно доби нова содржина наменета за движење, рекреација, дружење и развивање здрави навики кај сите генерации – соопштија претпладнево од Град Скопје од каде појаснуваат дека на планината е изграден нов моторички парк, со природни препреки и реквизити наменети за развивање на рамнотежата, координацијата, агилноста, прецизноста и физичката подготвеност.

Моторичкиот парк е изработен од здравите стебла на паднатите дрвја по силното невреме што го зафати Скопје. Наместо дрвниот материјал да заврши како отпад, тој е искористен за создавање нова содржина.

„Здравите стебла од паднатите дрвја добија нов живот и нова намена – денес од нив имаме простор исполнет со движење, енергија и живот“, истакна скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.

Паркот е наменет за различни возрасни групи.

Децата преку игра ќе можат да ги развиваат своите моторички способности, додека младите и возрасните ќе имаат дополнителен простор за вежбање, рекреација и квалитетно поминување време во природа, велат од Град Скопје.

Оттаму најавуваат дека вакви моторички паркови ќе бидат изградени и во Парк-шумата Гази Баба и во Сарај.

Паралелно со уредувањето на просторот, на местата каде што беа отстранети паднатите дрвја веќе се засадуваат нови садници. Во втората половина на септември ќе започне и голема есенска акција за пошумување на градот, најавуваат од Град Скопје.

Jumbo 2