Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Водата во Гостивар не смее да се пие, присутна бактеријата Пседуомонас Аеругиноса

/

Македонија

Сподели преку :

Во водата во Гостивар е присутна бактеријата Пседуомонас аеругиноса што ја прави небезбедна за консумирање бидејки бактеријата е опасна за здравјето, особено за луѓе со слаб имунитет. Предизвикува инфекции на кожата, очите и ушите.

Може да доведе до инфекции на уринарниот тракт и белите дробови кај чувствителни лица. Има висока отпорност на многу вообичаени лекови и антибиотици , соопштија од ЦУК.

Министерството за здравство информира дека вчера се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи. И покрај дневното зголемување, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 јули, кога беа регистрирани вкупно 649 прегледи, информираат од МЗ.

 

Jumbo 2