Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Водата во Демир Капија е забранета за пиење и готвење

/

Македонија

Сподели преку :

Јавното комунално претпријатие  Бошава Демир Капија попладнево информираше дека водата во градот не смее да се пие, но исто така не смее ниту да се готви со неа. Одлуката е донесена по добиени анализи со различни резултати, поради што воведена е забрана за  користењето на водата.

–По добиените резултати од анализите на примероците земени во понеделник и вторник, од истото мерно место, добиени се различни резултати. Анализата на примерокот земен во понеделник од страна на институтот за јавно здравје – Скопје покажува дека водата не ги исполнува условите пропишани со правилникот за вода за пиење. Од друга страна, анализата на примерокот земен во вторник од страна на центарот за јавно здравје – Велес покажува дека водата ги исполнува условите согласно правилникот за вода за пиење. Поради различните резултати, во понеделник ќе биде извршена супер анализа. Затоа, водата од водоводот во Демир Капија се забранува за пиење и подготвување на храна! Забраната ќе важи до добивањето на конечните резултати од супер анализата, стои во соопштението.

Jumbo 2