Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во земјава активни 21 пожар до 17 часот

/

Македонија

Сподели преку :

Денеска до 17:00 часот, на територијата на Република Македонија се регистрирани вкупно 21 активен пожар, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарите се регистрирани во повеќе општини, а најголем дел се на отворен простор, со зафатена ниска и висока вегетација, грмушки и шума.

Пожари има во Македонски Брод, Студеничани, Илинден, Желино, Зелениково, Кичево, Дебарца, Јагуновце, Тетово, Теарце, Гостивар, Чаир, Прилеп, Новаци, Штип, Битола, Центар Жупа, Ѓорче Петров и на територијата на Град Скопје.

Дел од пожарите се во шумски предели, а регистрирани се и пожари на земјоделски површини и ниска вегетација.

Според информациите од ЦУК, надлежните служби се ангажирани за следење и справување со пожарите.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, апелира до граѓаните на особена внимателност и одговорно однесување, особено при престој на отворено, со цел да се спречи избувнување и ширење на нови пожари.

Jumbo 2