Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во скопската населба Дуќанџик, потврдија од МВР.
Според информациите тој бил уапсен од косовската полиција, во меѓународна акција за недозволена трговија со дрога на територија на Р.Косово.
За Кучи беше распишана централна и меѓународна потерница. Додека по вториот осомничен сè уште се трага.
Тешкиот инцидент се случи вечерта на 6 септември во Дуќанџик. Кучи заедно со И.С. се сомничи дека пукал кон група лица.
Во престрелката животот го загуби 26-годишниот А.М., додека уште неколку лица беа повредени.
Истрагата за случајот продолжува.

Четири дена по убиството во скопски Дуќанџик, полицијата поднесе кривична пријава против две лица, за убиство. Но според информации на Телма и двајцата осомничени се во бегство. Како што веќе објави Телма, еден од осомничените е лице кое издржувало затворска казна за повеќе кривични дела, а за време на убиството бил на условен отпуст. Убиството… Продолжи со читање













