Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во дом на охриѓанец најдени видеа со детска порнографија – тој е уапсен и одреден му е притвор од 30 дена

/

Македонија

Сподели преку :

Четириесет и двегодишен охриѓанец е осомничен за производство и дистрибуција на детска порнографија, откако полицијата при претрес во неговиот дом пронашла и одзела компјутер и видеоснимки со експлицитни содржини.

Претресот бил извршен вчера кога полицајци нашле и одзеле деск топ компјутер и видеа со експлицитни содржини од детска порнографија.

По пронаоѓањето на материјалите, осомничениот А.Д. бил лишен од слобода. Судија на претходна постапка му одредил притвор во траење од 30 дена.

Против него, Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид поднел кривична пријава за кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, предвидено во член 193-а од Кривичниот законик.

Jumbo 2