Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема допир со реалноста

/

Македонија

Сподели преку :

Филипче на денешната прес-конференција, ги повтори трите постулати на СДС, а тие се ширење на лаги, манипулации и дезинформации. Впрочем, тоа го прави на секое негово појавување во јавноста, реагираше ВМРО-ДПМНЕ во писмено соопштение по денешната прес конференција на опозицискиот лидерр.

-Очигледно е дека Филипче нема допир со реалноста, а тоа е поради неговата дружба со аболицираниот криминалец Заев, на неговата милионска јахта во Грција, кој му диктира што да кажува пред медиумите и му ја создава перцепцијата, а Филипче како негов следбеник, истото го повторува – велат од владеачката партијата.

-Тука можеме директно да му порачаме дека јасен демант за неговите лаги се официјалните статистики кои го спроведува во јавноста Државниот завод за статистика – се додава во денешното соопштение.

Во однос на изборите, единствен човек во државата кој не сака избори и бега од нив е Венко Филипче и талогот од СДС. Од месечината се гледа дека јасно му е и на него и на талогот, каков дебакл ќе доживеат и како ќе бидат поразени од граѓаните, додаваат од партијата во реакцијата.

Jumbo 2