Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО-ДПМНЕ: Ценовен удар и мигранти ниту имало, ниту ќе има

/

Македонија

Сподели преку :

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија прогнозираше темни сценарија дека државата ќе банкротира, дека ќе дошле мигранти, дека јавниот долг и инфлација енормно ќе се зголемат, дека ценaтa на нафтата ќе порасне, дека ќе останеме без вода ако во Македонија се градат Дата центри, но од сите нивни црни сценарија за состојбите во државата, ништо не се оствари, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Државата не само што не банкротира, туку по седумгодишниот економски пустош што власта на СДС го остави состојбите се подобруваат и Македонија се движи напред, мигранти нема, јавниот долг е на историски најниско ниво, инфлацијата во септември е 2,7%, а нафтените деривати најевтини од сите земји во регионот. Кога сме кај инфлацијата, ќе го напоменеме и следниот податок, кој изгледа од СДС не сакаат да го видат. Според Евростат, Македонија со 2,5% има најниска просечната годишна стапка на инфлација за третиот квартал, односно јули-септември 2026 година од сите земји во регионот.“, одговорија од владеачката партија.

(Видео) СДСМ: Граѓаните ги чека нов ценовен удар

Нов ценовен удар ги чека граѓаните, повисоки сметки за струја и парно, додека платите остануваат заглавени, а семејните буџети тонат во сиромаштија, обвинуваат од СДСМ. „Мицкоски одбива минимална плата од 600 евра, нема мерки за заштита на стандардот, а трошоците за живот вртоглаво растат. Наместо повисоки плати и достоинствен живот, граѓаните добиваат нови поскапувања, долгови… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2