Група малолетници и помлади лица со петарди предизвикале пожар во паркот „Капиштец“, откако синоќа било запалено дрво.
На настанот алармираат жители од населбата, кои велат дека проблемот со употребата на пиротехнички средства трае подолго време.
Според објавата на Фејсбук-страницата „За пристоен Капиштец“, жителите повеќепати пријавувале пукање петарди во полиција.
Тие посочуваат дека постоела опасност огнот да се прошири кон околните згради и трафостаници.
Жителите апелираат до надлежните институции да преземат мерки, да го расчистат случајот и да го пронајдат лицето кое го предизвикало пожарот.
И пред речиси две години малолетници во Капиштец во паркот, каде што се изведуваат реконструктивни работи, обија багер, го стартуваа и управуваа со него. Вандализмтот го објави градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски на социјалните мрежи.

Дивјаштво во режија на малолетници повторно се одвивало во Капиштец. Сѐ се случило вчеравечер во паркот во оваа скопска населба, односно во делот каде што се изведуваат реконструктивни работи. Младите лица обиле багер, го стартувале и управувале. Попатно, оштетиле и едно паркирано приватно возило. За вандализмот извести градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, преку објава на… Продолжи со читање













