Со џез оркестар и детскиот хор Ѕвончиња на сцената, филмска музика од антологиски филмови, тапани, и македонска народна музика, во Битола вечерва свечено е отворно 47. издание на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“.
Годинашни лауреати на наградата „Златна камера 300“ се кинематограферите Дан Лаустен и Џеф Кроненвет, додека признанието „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ му припадна на актерот Петре Арсовски.
Покровител на манифестацијата е претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова.
Фестивалот официјално го отвориа филмот „Скејтањето не е за девојчиња“ на Дина Дума, копродукција на Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска.
Во седумте фестивалски денови ќе бидат прикажани повеќе од 80 филмови, од кои 12 во главната конкуренција.
Под мотото „Ткајачи на филм“, фестивалот ќе трае до 25 септември, кога ќе биде затворен со македонската премиера на филмот „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ.

Вечерва свечено се отвора 47. издание на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“. Се прават последните подготовки, се поставува црвенито килим, гостите пристигнуваат. Церемонијата започнува во 20 часот во Центарот за култура во Битола. Во седумте фестивалски денови ќе бидат прикажани повеќе од 80 филмови во неколки програми, од кои 12 се во главната конкуренција.… Продолжи со читање













