Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ВИДЕО) Кривична пријава за мотоциклистот што дивееше на „Партизанска“

/

Македонија

Сподели преку :

Полицијата ќе поднесе кривични пријави против 37-годишен скопјанец кој со мотоцикл „сузуки“ возел на едно тркало на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, загрозувајќи ја сопствената безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Случајот бил откриен по објавувањето видеа на социјалните мрежи, на кои се гледа опасното возење кај крстосницата со улицата „29-ти Ноември“.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека припадниците на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, во соработка со „Безбеден град“, презеле мерки за утврдување на идентитетот на возачот.

По разговорите со сопственикот и корисникот на мотоциклот, било утврдено дека на 3 октомври мотоциклот го управувал А.А. (37) од Скопје.

Тој потврдил дека возел без да поседува возачка дозвола и дека објавил неколку видеа од возењето на својот профил на ТикТок.

За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, а против 37-годишникот ќе бидат поднесени кривични пријави според член 297-А од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и член 298 за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство“.

Jumbo 2