Резултатите од инспекцискиот надзор за случајот на родилката Михајлова треба да бидат објавени денеска, според најавите – министерот за здравство Сашо Клековски на пладне ќе одржи прес – конференција.
Завршен е стручниот надзор за случајот со 19-годишната Станка Михајлова од Штип, која по породувањето остана во инвалидска количка.
Нејзиното семејство тврди дека пред породувањето немала здравствени проблеми. Михајлова, по царскиот рез имала слабост на двете нозе и проблеми со мокрењето, по што била префрлена на Клиниката за неврологија. По објавувањето на резултатите од инспекцискиот надзорот ќе се знае дали имало пропусти во лекувањето.
Клековски вчера информираше дека е завршен вонредниот инспекциски надзор во болниците во Охрид, во Струга и на ГАК во Скопје за случајот со медицинската сестра Љубица Шавреска, која го загуби плодот.
Рече дека се проверува и работата на нејзиниот матичниот гинеколог, како и третман во приватната здравствена установа. Најави дека ќе се разговара и лично со Шавреска.













