Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ВИДЕО) Казнети четворица возачи за блокирање на булеварот „Јане Сандански“

/

Македонија

Сподели преку :

Четворица возачи се санкционирани откако со своите возила го попречувале сообраќајот на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје.

Случајот бил откриен по видеообјава во дел од медиумите, на која се гледа како неколку автомобили го блокираат булеварот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска, 11 октомври, во Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје биле повикани четири лица на возраст од 23 до 48 години.

Станува збор за возачи на автомобили „ауди“, „бмв“, „ауди“ и „сузуки“, сите со скопски регистарски ознаки.

Против возачите се преземени соодветни мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата поради сторен сообраќаен прекршок.

Тие ќе се соочат со законски предвидените глоби, соопштија од МВР.

Jumbo 2