Вештачката интелигенција може да ја насочува кривичната истрага, но не сакаме таа да носи одлуки во име на човекот, за тој кој ќе биде осомничен и како ќе се води целата кривична постапка. Вака универзитетскиот професор од САД, Кејси Чу ја објаснува улогата и примената на вештачката интелигенција во областа на правото и истрагите во сајбер криминалот.
Во време на брз технолошки развој, користење на вештачката интелигенција во сферата на образованието уште повеќе ја наметнува улогата на професорот да стане поважна, бидејќи како што вели универзитетската професорка од Хрватска Хелга Шпадина наставникот мора да ја провери точноста на информацијата и критички да анализира.
–Станува збор за многу комплексен процес во кој треба правната норма да ја толкувате на начин на кој ќе испитувањата колку е таа ефикасна и мора да ја ставите во контекст на другите правни норми во системот, а тоа вештачката интелигенција не го може, вели Шпадина.
Општествените промени промени во глобалниот свет и вештачката интелигенција во правото, медиумите и политиката се во фокусот на тринаесетата Меѓународна научна конференција на штипскиот Правен факултет во кој учествуваат околу 100 научници од 15 земји во светот.
Викторија Јованова













