Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Велешанец силувал 21-годишна Швеѓанка, полицијата го приведе

/

Македонија

Сподели преку :

Полициски службеници од СВР Охрид вчера  во 18:30 часот го лишиле од слобода 33-годишниот К.С. од Велес, поради основано сомнение за сторено кривично дело „силување“.

Апсењето следува по претходна пријава поднесена истиот ден во 14:35 часот во СВР Битола од страна на 21-годишна девојка, државјанка на Шведска.

Според пријавата на оштетената, тешкото кривично дело било извршено во ноќта меѓу 8 и 9 август 2026 година во ноќен клуб во Охрид, каде што тој извршил обљуба врз неа.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање и расчистување на случајот, против осомничениот 33-годишен велешанец ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Jumbo 2