Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции.
Во текот на 3 август се регистрирани вкупно 78 прегледи, што е за шест помалку во споредба со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи.
Во однос на западнонилската треска, на Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај.
Во тек се потребните испитувања за лабораториска потврда или исклучување на заболувањето.














