Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Условна казна за онкологот Мери Пешевска

/

Македонија

Сподели преку :

За делото тешки дела против здравјето на луѓето за кое е обвинета Пешевска законот предвидува казна затвор од 3 месеци до 3 години.

Судијката објаснуваше дека ги имала предвид сите околности и последиците како што последиците се загрозување на здрaвjето на 7 онколошки пациенти но и нејзиното признание на вина и каење дека ги оставала факсимилот и лозинката од компјутерски систем за пациентите да добијат побрза услуга но биле злоупотребени.

Судијката рече дека очекува самата закана од затворска казна да делува превентивно да го поправи поднесувањето.

Пешевска по признанието на вина објаснуваше дека таа не ги лекувала 7-те пациенти чие здравје според обвинителството е влошило поради несоодветниот начина на лекување спротивно на медицинските протоколи, туку онкологот Нино Васев кој е сито така обвинет и против него и уште двајца доктори од Клиниката за онкологија судењето за несовесно лекување продолжува.

Елена Ивановска Мукоска

Пресуда за онкологот Пешевска во случајот „Онкологија“

Кривичниот суд денеска треба да ја изрече пресудата за онкологот Мери Пешевска, второобвинета во случајот „Онкологија“, откако претходно самата призна вина. Таа, заедно со поранешниот директор Нино Васев и колегите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, се товари за несовесно лекување пациенти. Во своите завршни зборови, Пешевска изрази длабоко жалење, посочувајќи дека цел живот го посветила… Продолжи со читање

telma.com.mk

 

Jumbo 2