Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Урбанистичките планови за Чаир и Бутел пред граѓаните

/

Македонија

Сподели преку :

Започна изработката на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година за Град Скопје во рамки на постапката се организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот.

Со изработката на ГУП-от се доцни две години, како што велат службите од Град Скопје, тоа е бидејќи мапата потребно е да допрецизира и да добие на квалитет.

Јавната дискусија за просторот во урбаниот опфат на Генералниот урбанистички план на град Скопје за територијата на Општина Чаир и на Општина Бутел ќе се одржи денеска во салата на Советот на Град Скопје (барака број 13), во периодот од 9 до 11 часот за Општина Чаир и во периодот од 11 до 13 часот за Општина Бутел.

Граѓаните можат да дадат свои предлози мислења и забелешки за време на јавната дискусија, а истите можат да ги достават и писмено во архивата на Град Скопје (барака број 16) или електронски на адресата [email protected].

Град Скопје ги повикува сите заинтересирани граѓани и претставници на заедницата активно да се вклучат во овој процес од јавен интерес.

И во Аеродром слаб интерес за идниот Генерален урбанистички план

Слаб е интересот на граѓаните за јавните дискусии за деталните урбанистички планови што секојдневно се одржуваат во Град Скопје. Денес на ред беа општините Кисела Вода и Аеродром, но одѕивот кој го забележавме на лице место беше мал. Надлежните апелираат граѓаните поактивно да се вклучат во овие дебати, бидејќи тие се клучни за идниот изглед… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2